Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Српскиот политичар Срѓан Ного објави нови снимки

(ВИДЕО) ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Српскиот политичар Срѓан Ного објави нови снимки

Српскиот политичар  Срѓан Ного објави нови снимки и наметна нови дилеми поврзани со убиството на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес. 

Ного најавува за утре дека ќе објави снимки од грабнувањето на Вања, пред и по киднапирањето, како и снимка од Панче Жежовски на бензиска пумпа како што вели Ного со своите „киднапери“. Во видеото се слуша и глас за кој Срѓан Ного тврди дека е гласот на таткото на Вања, Александар како разговара со полициски инспектори.

„Снимката докажува дека тој лично, а не полицијата ги открил и поврзал и решил случајот со исчезнувањето на Панче и неговата ќерка Вања“, вели во објавеното видео Срѓан Ного.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ праша дали некој ќе поднесе одговорност за протекувањето на овие снимки и фотографии и додаде дека новинари и политичари од Србија имаат материјали и ги пласираат во јавноста. Првоосомничениот Љупчо Палевски е во притвор во Турција, откако избега од земјава, а турската полиција го уапси во Баликесир. 


Слично

Поврзани вести