Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Вучиќ: Груевски не мачеше, година и пол лутавме

(ВИДЕО) Вучиќ: Груевски не мачеше, година и пол лутавме

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека екс македонскиот премиер Никола Груевски го мачел, и немал стратегија за него. 

Ова го кажа во интервју зборувајќи за инвестицкиот бум во Србија во последните години. Вели дека дури 62 отсто од вкупните инвестиции во Западен Балкан пристигнуваат во Србија. 

„Нè мачеше Груевски. Година и пол барав тактика за нив. Нè мачеше зашто имаше добра политика за привлекување странски инвестиции. И цела година лутавме како да направиме подобра програма и најдовме и сите инвеститори им ги презедовме. Сега веќе никој ништо не зема“, рече Вучиќ.

Тој спомна дека Груевски бил способен. 


Слично

Поврзани вести