Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Возилото едвај кренато од пајакот, сопственикот полицаец ужива во кафана

(ВИДЕО) Возилото едвај кренато од пајакот, сопственикот полицаец ужива во кафана

ОБНОВЕНО: Oд МВР тврдат дека непрописно паркираното возило не било на полицаец, а сопственикот ја платил казната. 

Група млади објавија видео од тоа како пајак служба одбива да крене службено „Порше Кајен“ на улица Боемска во Скопје, со тврдење дека му припаѓа на полицаец кој неколку часа се задржал во кафана.

На социјалните мрежи е споделено видео на кое се гледа расправија помеѓу граѓани и пајак служба на ПОЦ, а во нивна придружба е и полицаец на смена.

Според она што се слуша на видеото возилото стоело повеќе од 4 часа на велосипедска патека а полицаецот кој е присутен заедно со вработените во пајак службата вели дека возилото е службено, сопственикот е полицаец на должност.

По неколку минутна расправија и откако полицаецот на должност се консултира со некого, пајак службата го крева возилото.


Слично

Поврзани вести