(ВИДЕО) Воен оркестар со „Јовано, Јованке“ ја пречка министерката Петровска во Лондон
Британскиот воен оркестар ја свиреше македонската песна „Јовано, Јованке“ при пречек на македонската министерка за одбрана, Славјанка Петровска и делегацијата од ресорното министерство.
Петровска во Лондон се сретна со британскиот министер за одбрана, Бен Валас, каде, како што соопштија од нејзиниот кабинет, ја осудила руската инвазија на Украина.
„Од Лондон ја испраќаме пораката дека ја осудуваме инвазијата врз Украина. Но, истовремено испраќаме и порака на обединетост на сојузниците и подготвеност да ја гарантираме безбедноста на државите – членки на НАТО Алијансата“, рече министерката по средбата со британскиот колега.
Оттаму додаваат дека Петровска посочила и дека заедно со Обединетото кралство ќе се продолжи во развивање на капацитетите и способностите на македонското Министерство за одбра и на Армијата.
