Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Ако биде се како што треба ќе имаме влада до средината на мај

Заев: Ако биде се како што треба ќе имаме влада до средината на мај

Лидерот на СДСМ во моментов е гостин во Топ Тема на телевизијата Телма.

Тој рече дека ако се биде како што треба тогаш Македонија ќе има влада до средината на мај.

Зоран Заев му даде рок на претседателот од 10 дена да го предаде мандатот, но рече и дека доколку Иванов ќе одбива тогаш прввиот човек на СДСМ истакна дека ќе преземат алтернативни решенија.

„Досега докажавме дека постојат многу ненасилни алтернативи. Ден, два, три, пет ќе чекаме. Новиот претседател на парламентот треба да го извести Иванов дека е одбран претседател и да го побара мандатот за парламентарното мнозинство. Ќе дадеме десет дена. Јас знам дека Иванов верува во легални начини за давање на мандатот. Тој самиот кажа дека доколку прими писмо од избран претседател на Собранието ќе го додели мандатот, рече Заев и истакна дека за вчерашните насилства во парламентот виновни се ВМРО-ДПМНЕ, а не тие и посочи дека насилства се случиле заради тоа што  „полицијата беше должа да го заштити парламентот и пратениците, но за жал тоа не го сториле“.

Интервјуто може да го следите во видето подолу:


Слично

Поврзани вести