(ВИДЕО ВО ЖИВО) Се потпишува протоколот за членство на Македонија во НАТО
Во 11 часот ќе почне официјално потпишувањето на протоколот за членството на Македонија во НАТО.
На настанот се присутни 29 земји членки на Северно-атлантската Алијанса во седиштето на НАТО.
Шефот на македонската дипломатија во име на Македонија е дел од церемонијата.
После ова, Македонија ќе може да присуствува на сите клучни формати на Алијансата, но нема да има право на глас, ниту ќе може да учествува во најдоверливите и најчувствителните состаноци, сѐ додека не се стекне со потребното знаење и искуство.
Слично
