ВИДЕО ВО ЖИВО: Папата Франциск со „папамобилот“ пристигна на плоштадот „Македонија“-мисата почнува
Папата Франциск претпладнево пристигна на плоштадот „Македонија“ во Скопје каде што беше пречекан од мноштвото собрајни граѓани.

Папата на плоштадот дојде со т.н. „папамобил“ поздравувајќи се со граѓани и верници.
Тој на скопскиот плоштад ќе одржи миса на која ќе присуствуваат околу 15.000 граѓани.

Поглаварот на Римокатоличката црква претходно имаше средби со државниот врв во „Вила Водно“, а потоа во Спомен куќата на Мајка Тереза се сретна и со лидерите на верските заедници и група граѓани од ранливите категории.



По литургијата папата ќе одржи Екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.
Слично
