Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Патниците на крузерот на кој е потврден коронавирус каде престојуваат Македонци затворени во соби

(ВИДЕО) Патниците на крузерот на кој е потврден коронавирус каде престојуваат Македонци затворени во соби

Бројот на починати и заразени од коронавирусот ширум светот се зголемува од час во час. Поради страв од ширење на вирусот, најмалку два крузери се ставени во карантин, едниот во Јапонија, а другиот во Хонг Конг. 


На крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија во карантин се наоѓаат тројца македонски државјани а еден наш државјанин според последните информации има и во Франција. 

Соседна Србија потврди дека на истиот крузер се наоѓаат 14 нејзини државјани.

Изгледа дека нема крај на нивната агонија, со оглед на фактот дека бројот на заразените драстично се зголемува.


На социјалните мрежи пак се шират фотографии и видеа кои покажуваат дека во внатрешноста на самиот крузер е се пусто.

Коцкарници, ресторани, бифеа, ходниците , се е празно, нема никој. Сите се затворени во соби и чекаат понатамошни инструкции.


Слично

Поврзани вести