(ВИДЕО) Влезот во Арачиново затворен од полицијата по денешната престрелка
Целосно е блокиран влезот кон Арачиново, а цело време местото го надлетува полициски хеликоптер, по денешното пукање во кое застрелан беше возачот на градоначалникот на општината.
Со огнено оружје денеска е пукано кон автомобилот на градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибраими, при што во возилото се наоѓале неговиот возач и вработен во општината.
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски за МИА потврди дека во престрелката е погоден возачот на градоначалникот, а пукано е и кон уште едно лице вработено во општината. Припадници на полицијата се на терен и вршат увид.
Повредениот е донесен во Ургентниот центар во Скопје.
Директорот на Клиниката за Торакална хирургија во скопскиот Клинички Центар, Неџати Јакупи за телевизија Телма изјави дека во Клиниката е донесено момче на околу 30-годишна возраст со прострелни рани на градниот кош.
-Раните се за итна операција, поради што веќе влегуваме во сала, изјави Јакупи
