(ВИДЕО) Владо Јовановски учествувал во сообраќајка, се брани дека му е подметнато, а го спомнуваат и Заев
Актерот Владо Јовановски, еден од организаторите на протестите на иницијативата„За Заедничка Македонија“, синоќа околу 21 часот, учествувал во сообраќајна несреќа, кај Железничката станица во Скопје.
„Илјада евра те кошта, ова што ти некогаш, друг пат, си се гребнал? Вие сте го подметнале ова, не е ова мое!“ - му вели Јовановски на оштетениот возач.
На видеото се слуша и расправија помеѓу две женски лица, од кои едната е сопатничка на Јовановски. Јовановски вели дека ќе викнат полиција. Во нивната расправија се спомнува дури и името на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Видеото од настанот се појави на социјалните мрежи.
Слично
