(ВИДЕО) “ВИП-2017“: Погледнете како полицијата обезбедува вип личности и објекти
Во касарната Илинден во Скопје денеска се одржа заедничка вежба на Единицата за специјални задачи и на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министертвото за внатрешни работи насловена како - “ВИП-2017“.
Целта на вежбата беше да се презентира заедничка реакција на Единицата за специјални задачи и Одделот за заштита на определени личности и објекти во ситуација кога има дирекно загрозување на безбедноста на одредена личност која е под заштита на Министерството за внатрешни работи. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на учесниците им додели плакети за успешно завршената вежба.
„Денеска се покажа професионалноста, ефикасноста и подготвеноста на Единицата за специјални задачи и на Одделот за заштита на определени личности и објекти. Можеме да бидеме задоволни од она што го презентираа македонските полицајци. Тоа дополнително нѐ обврзува нас како раководство на МВР да им создаваме услови за работа, сѐ со цел да имаме безбедни граѓани и безбедна држава“- вели Спасовски.
Спасовски рече дека државата мора да вложува во безбедноста и тоа во материјално технички средства и во човечки ресурси.
