(ВИДЕО) Викендицата во Матејче пламна, откако експлозија на плинска боца повреди шестмина
Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека С.С.(34), В.И. (31), Н.Н. (31), З.С.(27), М.Н.(44) и Б.Ш.(36), се здобиле со тешки телесни повреди како резултат на експлозија на плинска боца во викендичка во село Матејче на место викано „Матејачки колиби“.
– Повредените имаа изгореници на лице и раце, и биле пренесени за Скопје во градската болница и на пластична, изјави директорката на општа болница Куманово, Снежана Захариева.
Потоа тие биле пренесени во
комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Известен е јавен обвинител и извршен бил
увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Од кумановската болница за ТВ21, која патем објави и видео од пожарот во викендичаката, велат дека три лица се на интензивна нега, односно пластична хирургија и три во градската болница.
