(ВИДЕО) ВИДЕТЕ КАКВА НЕХИГИЕНА, ОВДЕ ЌЕ СЕ РАЗБОЛИМЕ - се жалат музичарите сместени на Пепелиште
Деветмина граѓани кои според нивните кажувања биле во Австрија да настапуваат како музичка група, вчера доцна вечерта преку медиумите се пожалија дека само тие биле сместени во карантин во Пепелиште, воениот полигон во Криволак, а не сите 200 граѓани кои требаше да влезат преку Деве Баир.
Тие за ТВ 24 дадоа изјава дека во карантинот нема основни услови за хигиена и преспивање. И неколку други медиуми ја пренесоа информацијата и видеото.
А министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека околу 200 луѓе што беа заглавени на преминот Унгарија – Хрватска, ќе се сместат во изолација, односно во Пепелиште.
Овие луѓе за медиумите изјавија дека се здрави, немаат симптоми, а се веќе и се тестирани и негативни. Се пожалија дека условите во објектот се лоши и таму немаат основни услови за хигиена, односно дека по четири дена заглавени на границата, сега немаат ни каде да се избањаат.
„Видете каква нехигиена, 20 години не се перени постелините, овде ќе се разболиме повеќе. Четири дена не сме бањати“, велеа граѓаните.
Се чудеа и зошто само тие, од вкупно 200 луѓе, се најдоа во кампот, а сите други патници со комбиња биле пуштани дома.
А нколку часа претходно пунктот го посети вицепремиерката и министерка за одбрна Радмила Шекеринска.

Вицепремиерката објави и фотографии од пунктот.
„Пепелиште е првиот пункт на кој ќе пристигаат нашите граѓани кои доаѓаат од високо ризичните земји. Ова ќе биде шанса, изолирано од останатиот дел на нашето население, да се направат првите проверки од страна на медицински лица и да се донесе одлука што понатаму. И од Криволак ја праќаме пораката - бидете дома, останете здрави и помогнете ни да се справиме со овој голем предизвик“, напиша вицепремиерката на својот профил.
Видео ТВ 24
