Видео: Ветераните се сеќаваат на битката за Тетово
Воените ветерани од конфликтот во 2001 година, како и припадниците на хеликоптерските единици се сеќаваат на 14 март, денот кога започна битката за Тетово со нападот врз позициите на ОНА, при што беа активирани и борбените хеликоптери. Со оваа битка македонските безбедносни сили успеаја да спречат понатамошно напредување на припадниците на ОНА и пренесување на битката во градските средини со што ги принудија да се повлечат.
„Во месноста Кале беа регистрирани вооружени напади врз безбедносната полиција. Веќе на 23 март, од страна на властите во Република Македонија била донесена одлука за голем напад врз позициите на ОНА. Македонската армија им нанела голем пораз на припадниците на ОНА. Според некои извори, Албанците сепак не биле спремни и не очекувале таков напад во тоа време од страна на македонската полиција.
На снимката можат да се забележат два хеликоптери ,,МИ-8МТ“ на Армијата на Република Македонија кои дејствуваат во реонот на Тетово, над Шар Планина. Благодарност до сите оние кои застанаа достоинствено да ја бранат државата од терористите на така наречената ,,ОНА“, кај народот позната како УЧК.
Слава им на загинатите бранители, порачуваат од Македонско ВВ и ПВО, Хеликоптерска единица на МВР.
