Видео: Вардар се претвори во река на пластични шишиња
По неколку дена на дождови во западниот дел на Македонија и надоаѓањето на сливните води од планините во Вардар повторно се појави една ужасна слика на илјадници платични шишиња кои ја покажуваат грдата страна на граѓаните, но и на институциите.
Очигледно станува збор за посериозен и системски проблем бидејќи ова не е прв пат илјадници и илјадници пластични шишиња да се насоберат во Скопје кога протокот на водата е отежнат, што од самите градби поставени во коритото од проектот Скопје 2014 што од самото зголемување на водниот тек.
– Владата донесе одлука за селектирање на хартијата и пластика во сите институции, и даваме поддршка на компании кои рециклираат отпад, вели Макрадули за проблемот.
Оваа изјава на заменик министерот за животна средина е само еден мал сегмент од големината на овој еколошки проблем кој предизвикува тешки и трајни последици врз природата, па мора институциите посериозно да се занимаваат со наоѓање на решенија.Видеото го објави Иван Унковски кој алармираше за тежината на вчерашниот претек на огромниот број шишиња.
