Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Упорни разбојници украдоа банкомат во скопско Црниче

(ВИДЕО) Упорни разбојници украдоа банкомат во скопско Црниче

:Четворица крадци украдоа банкомат во скопската населба Црниче,иако не им одеше се подмачкано. „Операцијата“ се одвиваше додека беше вклучен алармот, а во едно време самиот банкомат испадна од автомобилот.

Видеото е снимено од очевидец чиј глас е „мутиран“, а МВР претходно извести за овој настан и го опиша како „кражба на сеф“.

„На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, известија од полицијата.

Не е познато колку пари се украдени и дали крадците се фатени.


Слично

Поврзани вести