Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Уапсен е сопственикот на кравите во Крива Паланка

(ВИДЕО) Уапсен е сопственикот на кравите во Крива Паланка

Попладнево е приведен поранешниот сопственик на над 500 крави во Крива Паланка откако пружал отпор на полицијата и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство  кои требало да ги одземат животните, пренесува Телма ТВ.

Видео од апсењето објави и ќерката на приведениот. На видеото се гледа како инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство се на терен за да го реализираат одземањето на кравите кои со месеци правеа штета на локалните жители.

Полицијата која е повикана на асистенција го приведува откако тој пружа отпор, а неговите ќерки викаат на помош и се обидуваат да му помогнат. 


Слично

Поврзани вести