Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Уапсен е маж од скопско поради палење возило, одреден му е притвор

(ВИДЕО) Уапсен е маж од скопско поради палење возило, одреден му е притвор

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го уапсија А.Г.(35) од селото Кондово, скопско, затоа што истиот ден околу 09:00 часот во Кондово, со употреба на бензин, го запалил автомобилот „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ш.Ѓ.(51) од Кондово.

СВР Скопје против А.Г. поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност" по член 288 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.


Слично

Поврзани вести