(ВИДЕО) Уапсен е Агим Исмаиловиќ
Полицијата го пронајде и го спроведе во затворот во Шутка, Агим Исмаиловиќ, еден од обвинетите за случајот „Монструм“.
Одреден му е притвор во траење од 30 дена.
Тој утринава се појави во Кривичен суд. Обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор за него и за Фејзи Азири затоа што постапката е при крај. Но, пред да одлучи кривичниот совет Исмаиловиќ ја напуштил судската зграда. Во притвор оди и Азири.
Исмаиловиќ е еден од петтемина обвинети за петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 кај Смилковско езеро. Сите беа осудени на доживотен затвор, но врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм“ потоа го презеде СЈО и судењето почна од почеток.
Двајцата првообвинети, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во бегство во Косово, но до ден денеска не се екстрадирани. Новинарот Фуркан Салиу од Кнал тв објави видео од апсењето.
#СмилковскоЕзеро
— FurKlan (@FurkanSaliu) November 13, 2020
Приведен Агим Исмаиловиќ pic.twitter.com/SAFlJnBjOG
