(ВИДЕО) ТУСК ГОВОРИ НА МАКЕДОНСКИ: Има силна порака за граѓаните од лично искуство
Првиот човек на Европскиот Совет, Доналд Туск на македонски јазик преку Твитер испрати порака до македонските граѓани.
Тој порача: Никогаш не пропуштајте добра шанса. Тој зборува за влезот на Полска, неговата земја во ЕУ.
„Пред 30 години ги мобилизиравме сите пријатели и роднини и гласавме за промени – денес Полска ги користи неограничените можности што ги нуди ЕУ. Немаше да ви зборувам, ако не верував дека можете да успеете и вие“- изјави Туск.
Тој напоменува дека во животот многу ретко може да се смени судбината. Туск вели дека добра шанса никогаш не треба да се пропушти. Ова е само уште една охрабрувачка порака во низа од влијални претставници на ЕУ во очи на референдумот.
Слично
