Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Трогателната приказна за учениците Мите и Катерина кои немаат лаптоп, Димитриевски вети дека ќе им купи

ВИДЕО: Трогателната приказна за учениците Мите и Катерина кои немаат лаптоп, Димитриевски вети дека ќе им купи

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски објави дека со лични средства од вработени од општината набавивме два лап топ компјутери кои викендов ќе се инсталираат со потребен софтвер и во понеделник ќе бидат врачени на семејството чии деца сведоаче дека немаат средства како да ја следат онлајн наставата во документарен филм кој го објави Види вака. Средношколецот Мите Драгишевски и неговата сестра катерина Драгишевска побараа наивно само да користат лаптоп па дури и да ги вратат кога ќе немаат потреба од нив

„Воедно ќе се обидеме да им обезбедиме и интернет мрежа во зависност од техничката можност на оператерите. Дополнително Општина Куманово отвори постапка за набавка на таблети во износ од 2.500.000 (средства пренаменети од новогодишно украсување на градот) и оваа опрема штом ќе биде набавена ќе се дистрибуира до основните и средните училишта во Куманово а е наменета за учениците од социјално загрозените семејства, напиша Димитриевски.

Од Види Вака попладнево рекоа дека добиле стотици пораки со желби за донирање компјутер за семејството Драгишевски, парична и друг вид на помош.

„Вашите пораки ги пренесовме до семејството и во нивно, како и во име на тимот на Види Вака неизмерно Ви се заблагодаруваме.

Компјутери за Катерина и Мите, како и за останатите деца во селото се веќе обезбедени.

Ве охрабруваме сите кои сакавте да помогнете на деца кои немаат компјутери, да се поврзете со Борче Стаменов и Донирај Компјутер - Борче Стаменов кој веќе има листа на деца на кои сме им потребни. Заедно со Здружението на млади правници, Macedonian Young Lawyers Association , работиме на изнаоѓање системско решение за семејството да добие постојана парична помош од државата, а во исто време без пречки да може да ги прими сите Ваши донации на сопствена сметка, стои во објавата

.

Видеото на Види вака

Слично

Поврзани вести