Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „ТРЕБАЛО ДА НОСИ СО СЕБЕ ПРЕВЕДУВАЧ“: Мицкоски во одбрана на Фетаи, во владата зборувале на англиски јазик

(ВИДЕО) „ТРЕБАЛО ДА НОСИ СО СЕБЕ ПРЕВЕДУВАЧ“: Мицкоски во одбрана на Фетаи, во владата зборувале на англиски јазик

Премиерот Христијан Мицкоски е убеден дека вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи во иднина нема да ја повтори грешката, во однос на настанот од пред два дена, кога Фетаи одби да одговори на новинарски прашања на македонски јазик, велејќи дека не е подготвен да говори на македонски. Единствената грешка, според премиерот, е тоа што доколку одлучил да говори на албански јазик, со себе требало да понесе преведувач.

„Јас во мое име им се извинувам на новинарите и убеден сум, бидејќи веќе разговарав со него, дека тој истото тоа ќе го стори и таа грешка нема да се повтори“, рече Мицкоски.

Според премиерот, Фетаи не говори македонски бидејќи бил отселен од Македонија кога имал шест години, а нивната комуникација во владата била исклучиво на англиски јазик. 

„Говори течно четири јазика – англиски, француски, холандски итн., сега да не ги редам. Нашата комуникација се одвива на англиски јазик. Има исклучително богата биографија позади себе, школуван е на врвни универзитети. Знам дека не му е таа намерата како што се обидуваат одредени центри поради политичка злоупотреба да ја дефокусираат јавноста. Се обидува, се труди и учи да го говори македонскиот јазик и знам изминативе 15 месеци колку енергија вложува во сето тоа“, рече Мицкоски.

Во биографијата на Фетаи пак, пишува дека тој говори и македонски јазик.


Слично

Поврзани вести