(ВИДЕО) Тошковски соопшти колку прекршоци регистрирал „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди.
„Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500“, порача министерот.
Министерот додаде дека за 2 месеци на територијата на СВР Скопје бројот на повредени лица во рамки на сообраќајни незгоди е намален за 35 проценти, а бројот на смртни случаи во сообраќајки се намалил од 11 на 4.
фото принтскрин
