(ВИДЕО) ТИ КАЖАВМЕ КОГА ЌЕ ДОЈДЕШ ВО ТЕТОВО ДА СИ ЗЕМЕШ ПРЕВЕДУВАЧ: Новинар на министерката Јаневска и се обрати со порака да си носи преведувач на прес конференција
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, вчера во Тетово се соочи со директно новинарско прашање поврзано со употребата на албанскиот јазик.
За време на промоцијата на реновираното училиште „Моша Пијаде“, новинарот Невриј Адеми ѝ постави прашање:
– Си зема преведувач, министерке? и рече тој, по што Јаневска рече дека не зела. На тоа новинарот и одговори „ти кажавме кога ќе дојдеш во Тетово да земеш преведувач“.
На тоа Јаневска рече дека не и треба преведувач и дека не знае кому му треба преведувач во Македонија за македонски јазик.
Прашањето доаѓа по неодамнешните јавни реакции и дебати поврзани со изјавите на министерката за употребата на албанскиот јазик, особено во контекст на настаните и дискусиите околу Универзитетот во Тетово.
Случајот веднаш предизвика внимание во јавноста, отворајќи повторно прашања за јазичната политика, комуникацијата на институциите и почитувањето на јазичната разновидност во земјата.
