Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ТЕШКА СПАСУВАЧКА АКЦИЈА: Извлечени Македонците од бездната во Банско

(ВИДЕО) ТЕШКА СПАСУВАЧКА АКЦИЈА: Извлечени Македонците од бездната во Банско

Во Пирин се спасени петте македонски сноубордери кои скијале надвор од утврдените места при што паднале во провалија, пренесоа медиумите од соседна Бугарија.

Како што се додава, акцијата завршила синоќа околу 21 часот а во неа учествувале десет планински спасувачи.

Сите пет македонски граѓани, етнички Албанци, се во добра здравствена состојба.

Сигналот за инцидентот бил пријавен во Горната служба за спасување во Банско во 18 часот.

Операцијата за спасување се одвивала под многу тешки услови. Со помош на јажиња, сноубордерите биле извлечени од бездната.

До 21 часот тие веќе беа повлечени на безбедно место .

Ова е уште еден случај во последните денови, кога сноубордерите возеле надвор од означените писти во Пирин , а пред два дена животите на двајца Бугарија згаснаа кога лавина се урнала врз нив во Банско.


Видеото погледнете го овде.

Слично

Поврзани вести