(ВИДЕО) Тепачка со стапови пред полицајци на пазар во Струмица
На социјалните мрежи е споделувано видео од присутни на инцидент на пазарот познат како „Кванташки“ во Струмица. Видеото го објави Струмица Денес.
МВТ потврдрди дека се работело за тепачка меѓу 5 лица, а биле користени и тврди предмети. Сведок на настанот била и полицијата.
„Денеска во 11:30 часот било пријавено дека во Струмица на Кванташкиот пазар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Р., Х.Р., В.Р., И.Р. и Г.В. сите од село Баница. Полицијата работи на расчистување на случајот“, соопштуваат од полицијата.
Слично
