ВИДЕО: Тепачка по протестот на албанските студенти во Скопје, три лица приведени
На вчерашниот протест во Скопје, каде албански студенти бараа право да полагаат правосуден испит на албански јазик, дојде до инцидент меѓу учесниците. Според објавените снимки, едно момче било нападнато од група од пет-шест други лица.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдија дека три лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир:
„Во 17:45 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје приведоа три лица, македонски државјани, пред Министерството за правда поради нарушување на јавниот ред и мир“, се наведува во полициското соопштение.
Протестот се одржа пред Министерството за правда, а студентите побараа овозможување на полагање на правосудниот испит на албански јазик.
