Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Тензично во Кочани, родители беа снимани со полициски камери

(ВИДЕО) Тензично во Кочани, родители беа снимани со полициски камери

Нови тензии во Кочани: Полицајци со камери ги снимаат родителите на загинатите, што предизвика бурна реакција. Како и на претходниот протест, повторно имаше паркирани возила на полициските паркинг места пред МВР, што го отежнува пристапот на толпата до зградата на ОВР Кочани, но овојпат возилата беа без регистарски таблици. Според учесници на протестот станува збор за запленети возила од кривични дела.

Родителите и блиските од семејствата на настраданите во пожар во „Пулс“ денеска го организираат седмиот „Марш за ангелите“, во знак на почит кон починатите и поддршка на побрзо закрепнување на повредените во трагичниот настан.

Маршот започна во 16 часот и 5 минути од Паркот на Револуцијата и продолжи кон Трговскиот центар. Потоа учесниците се упатија пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.

Семејствата ги повикуваат сите граѓани кои им даваат поддршка во барањето неселективна правда да им се придружат.

За одржувањето на маршот уредно се известени сите надлежни институции.


Слично

Поврзани вести