(ВИДЕО) ТЕМЕЛКО ПРИ ИЗЛЕЗ ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: Сам се пријавив
Телевизија Телма објави видео од моментот кога градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко со лисици го изнесуваат од полициската станица Беко.
Тој искоментира дека никој не го уапсил, туку дека сам се пријавил. Видеото можете да ги погледнете овде.
Темелко е еден од обвинетите за изборни нерегуларности во 2013 година, во случајот на СЈО, „Титаник“.
По барање на Специјалното јавно обвинителството, вчера Кривичниот совет на Основниот суд му определи 30-дневен притвор, поради нивните сознанија дека, Темелко неколкупати ја минувал државната граница.
Претходно беше соопштено дека тој ќе биде гонет и со меѓународна потерница.
Слично
