Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Таравари во „Бизнис Муабети“: Али Ахмети ќе се повлече наскоро од политиката

(ВИДЕО) Таравари во „Бизнис Муабети“: Али Ахмети ќе се повлече наскоро од политиката

Министерот за здравство и поранешен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, во поткастот „Бизнис муабети“ со Мишко Иванов рече дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, побргу од очекуваното ќе се повлече од политиката.

- Дека е крајот на политичката кариера на господинот Ахмети, во тоа сум сигурен. Локалните избори ќе бидат печат. Кога и да се одржат,тогаш ќе биде и оставката на Ахмети, ако не се случи тоа порано, рече Таравари.

Ова тој го искоментира на прашањето дали очекува лидерот на ДУИ да се најде на американската „црна листа“, за што рече дека воопшто тоа не би го изненадило, но дека тоа е работа на Вашингтон.

Таравари рече дека досега четири функционери на ДУИ се нашле на „црната листа“, а истовремено ниту еден, кој било, од редовите на „Интегративците“ не е осуден.

Тој рече дека своевремено и смаиот пријавувал злоупотреби со купување на државно земјиште од само неколку десетици евра, но дека немало никаков епилог од сето тоа.

Целосното видео очекувајте го утре.




Слично

Поврзани вести