Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Свињи се гојат во депонијата Новаци

(ВИДЕО) Свињи се гојат во депонијата Новаци

Екипата на ТВ21 со своја камера сними како домашни свињи се гојат на депонијата во Новаци.

Депонијата е сместена среде Пелагонија, а за телевизијата жителите открија дека најмалку два пати годишно се пуштаат педесетина свињи за гоење, па на есен се продаваат на добиточните пазари. 

Никој од надлежните инспекторати ниту еднаш досега не презел ништо за да го оневозможи одгледувањето животни наменети за човечка исхрана на една ваква депонија.

Од ЈКП „Комуналец“ Битола велат дека со помош на еколошко средство е средена горната депонија, а во моментов се работи на долната. Велат дека депонијата повеќе не се самозапалува и дека причина за пожарот е човечки фактор.

Вработениот на депонијата ни објасни дека со булдужер го рамнат ѓубрето, а потоа се посипува со земја. Но не смеат во никој случај целосно да ја затворат, бидејќи 55% e јаглероден диоксид, а 45% метан што би значело голема експлозија доколку целосно се затвори.

Дневно се депонираат по 80 тони комунален отпад, а на годишно ниво 25.000 тони. 


Слично

Поврзани вести