(ВИДЕО) Стравична несреќа со две жртви кај скопска обиколница
Тешка сообраќајна несреќа однесе во смрт две лица. Загина совозачот на автомобилот БМВ што се запали на северната обиколница а во болница им подлегнал и едниот од двајцата полицајци кои беа пренесени во болница.
Како што пренесоа дел од медиумите, до несреќата дошло кога од полициска патрола било запрено возило кое возело со брзина која била поголема од дозволената.
Незгодата се случила кога полициски службеници зборувале со возачот на автомобил „БМВ“ со гостиварски таблички додека на нив налетал камион, а БМВ-то удрило во полициската кола. Силниот удар предизвикал експлозија на возилото при што БМВ-то се запалило и изгорело а на лице место настрадал совозачот .
Со тешки повреди полицајците и возачот на камионот биле пренесени во болница, а дел од медиумите пренесоа дека во болница починал едниот од полицајците.
Фото-принтскрин/Видео-Фејсбук
