(ВИДЕО) СТРАШНА ГЛЕТКА: Гори црквата во скопското село Мршевци
Пожар ја зафати црквата во скопското село Мршевци.
Локалното население се екипира за да помогне во гаснењето на пожарот.
Од ЦУК информираа дека поради ветер во Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикани се пожари.
Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане има пожари во с.Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане, Стрновац. Во Скопскиот регион се пријавени пожари помеѓу Индустриска Зона Бунарџик и рафинерија Окта.
Слично
