Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Страотна сообраќајка пред клучката Хиподром-виновен лизгавиот коловоз?

(ВИДЕО) Страотна сообраќајка пред клучката Хиподром-виновен лизгавиот коловоз?

Утринава јавивме за влажен коловоз на излезот од Скопје, а токму кај Хиподром пред клучката се случи страота сообраќајка. 

Како што пренесе ТВ24 во  сообраќајката учествувале неколку патнички возила, еден камион и автобус. За среќа нема жртви, но три лица се здобиле со повреди.

Една жена е пренесена со брза помош во ургентниот центар во Скопје, а двајца мажи се префрлени на лекување во болницата Св Наум Охридски.

Полицијата до 10 часот вршеше увид на местото на сообраќајката, по што службите на АМСМ ги собрале оштетените возила, пиштва ТВ 24. 

Сообраќајката била пријавена во 7 часот и 40 минути. Надлежните апелираат за внимателно возење и прилагодување на брзината.


Видео: Тв24

Слично

Поврзани вести