(ВИДЕО) Стоилковиќ објави снимка од канцеларијата на отпуштените службеници, внатре има и импровизиран кревет
Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ на Фејсбук објави видео и покажа како изгледа канцеларијата на оние кадри кои се отпуштени од министерството.
Канцеларијата изгледа неуредно, а внатре има и импровизиран кревет.
„Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која „работеа“ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку!“, пишува Стоилковиќ.
Од власта денеска на седница во Собранието кажаа дека нема да толерираат вакво однесување.
ДУИ претходно обвини за дискриминација и кажаа дека се отпуштени седум Албанци.
фото принтскрин
Слично
