Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски ја посети општинската зграда: Ќе најдеме пари, следната година ја пуштаме во употреба

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски ја посети општинската зграда: Ќе најдеме пари, следната година ја пуштаме во употреба

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, утрово направи увид во новата општинска зграда чија изградба беше стопирана во изминатите четири години, информираше општината.

Сепак тој рече дека од советот на општината ќе треба да се побара во буџетот за следната година да се обезбедат средства за довршување на изградбата за да може во текот на 2022 година да биде пуштена во функција.

- Утрово дојдов да ја видам општинската зграда. За жал забележав дека некаде прокиснува. Така е кога нема луѓе во некој објект, тој пропаѓа. Ќе се потрудам на седница на совет со новиот буџет да обезбедиме средства за оваа зграда и наредната година да ја пуштиме во функција, рече Јакимовски.

Објектот што се градеше на местото на старите бараки, на булеварот Партизански одреди, требаше да биде готов уште во 2014.


Слично

Поврзани вести