Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски бара помош за три изгорени куќи во Злокуќани

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски бара помош за три изгорени куќи во Злокуќани

Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош, објави видео во кое повикува на граѓанска солидарност за три опожарени куќи во скопската населба Злокуќани. 
„Кога си градоначалничката функција носи и убави но и лоши моменти. За жал денес сме сведоци на лош момент, опожарени се три куќи во населбата Злокуќани, од кои едната е целосно изгорена. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната екипа спречена е поголема катастрофа“, информира Јакимовски.

Една од куќите во која избувнал пожарот е целосно уништена со целата покуќнина.

„Апелирам до граѓаните да помогнат согласно своите можности, а на оштетеното семејство му понудив привремено сместување додека не се санира нивниот дом.

Предупредувам дека доаѓа тешка зима и стравувам дека е можно да се повторат вакви немили настани, па затоа апелирам до сите граѓани да бидат крајно внимателни при користењето на електричната енергија“, додава градоначалникот на Карпош.


Слично

Поврзани вести