(ВИДЕО) „СРЕДИ ГИ УЛИЦИТЕ И КЕЈОТ ДА НЕ ЛИЧИ НА НЕКОЈА ЗАПУШТЕНА ЏУНГЛА“: Филипче до Шукова на промоцијата на нејзината програма
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на промоција на изборната програма на кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова со порака таа да остане чесна и работлива и став дека зад неа стои визија за поинакво и поубаво Скопје.
„Остани чесна, работлива, отворена, искрена, како што си, среди ги улиците, исчисти ги депониите. Осветли ги и направи ги побезбедни за децата да можат спокојно да одат до училиште. Среди ги и паркинзите да има повеќе паркинзи, среди ги најпотребните раскрсници. Сите знаеме кои се тие. Среди го кејот, да не личи на некоја запуштена џунгла. Кеј на кој што сите ќе одиме и на кој ќе може да спортуваме. Едноставно врати му ја душата на Скопје“, и порача Филипче на кандидатката за градонаалничка Каја Шукова.
Вели дека програмата не е само политички документ, туку резултат на работа, анализа и вистинска грижа за градот.
„И Каја не е сама, со неа се искучителни кандидати за Советот на град Скопје, експерти, активисти, луѓе што знаат, можат и умеат. Се бориш со луѓе и против кандидати во споредба со кои мислам дека имаш инает и многу легитимитет и кредибилитет да излезеш пред граѓаните и да бараш довербата. Ние ќе покажаме дека може поинаку. Ќе покажаме дека постои политика што не почнува и не завршува со прес конференција. Политика што не се плаши од работа. Каја Шукова има јасна визија за Скопје и да ја ќе ја спроведе. А ние сме тука да ја подржиме, не со зборови. Туку со цел тим, со цела платформа и со целата одговорност“, рече Филипче.
