(ВИДЕО) СПОЈУВАЊЕ ИЛИ ПАРТНЕРСТВО: Ричард Бренсон и Рајан Рејнолдс со нов бизнис потфат
Ѕвездата на „Deadpool“ Рајан Рејнолдс и не помалку харизматичниот господин Ричард Бренсон влегуваат во заеднички бизнис. Џин произведен од компанија во која Рејнолдс има акции - „Aviation American Gin“ ќе се служи на на летовите на компанијата на Брансон „Virgin Atlantic“.
Со комично видео двајцата најавија дека Џин ќе се нуди во клубовите на Virgin и на летовите на авионите на компанијата.
Рејнолдс зборува на забавен бизнис жаргон во видео од 90-секунди .
„Во воздухопловството сме целосно фокусирани на тоа да го направиме ѓаволско најдобриот џин на планетата“, вели Рејнолдс во рекламата. „За да ја зголемиме вредноста на акционерите, ние сме задоволни да објавиме дека „Virgin Atlantic“ и „Aviation American Gin“ се спојуваат".
Бренсон брзо го коригира дека тоа е само партнерство, а не спојување.
Ѕирнете во видеото:
