(ВИДЕО) СПАСОВСКИ НА КОНТРОЛЕН ПУНКТ ВО ЧАИР - сплотени сме со Чулев, но тој е на друга локација
Техничкиот премиер Оливер Спасовски, а доскорешен министер за внатрешни работи, заедно со дополнителната заменичка во МВР во неговата партија, Славјанка Петровска, вечерва беше на терен.
Спасовски на својот фејсбук профил сподели видео како директно на терен врши контрола на тоа како се спроведува полицискиот час, на контролниот пункт во Чаир.
На дежурните полицајци и војници тој им рече дека сака да им се заблагодари и да им оддаде признание за се што прават и вели дека очекува дека заедно со граѓаните заедно ќе ја добиеме оваа битка.
„Сега ништо не е исто како порано“, вели Спасовски пред припадниците на МВР и на АРМ, кои носат заштитни маски. Им порачува да бидат живи и здрави за заедно да ја добиеме оваа битка, за која треба да се надеваме дека ќе трае пократко.
На новинарски прашања одговори дека на граѓаните им порачува дека треба да знаат дека во вонредни околности сите треба да се однесуваме одговорно, да се почитуваат одлуките, наредбите од службени лица, но и препораките за дневните движења, односно да нема групирање.
„Апелирам до секој граѓанин да останат дома, да не се излегува без нужна потреба од домовите“, рече Спасовски, додавајќи дека граѓаните треба да бидат единствени во почитување на институциите и правилата.
Прашан зошто ако сака единственост со него не е министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, Спасовски рече дека тој е на друга локација.
„сакавме да се расподелиме, да опфатиме повеќе локации и да ги охрабриме сите полицајци и припадници на АРМ кои вечерва се на терен. Оваа битка бара сплотеност и единство и од гражаниѕе и од институциите, сите сме заедно и на крајот сите заедно ќе победиме“, рече Спасовски.
Погледнете го видеото.
