(ВИДЕО) Сопругата на премиерот Мицкоски во краток разговор со Меланија Трамп
Во рамките на глобалниот самит на Белата Куќа, сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска оствари краток разговор и размени мислења со првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, како и со првата дама на Франција, Брижит Макрон.
Мицкоска учествува на глобалниот самит во Белата куќа, во организација на правата дама на Соединетите Американски Држави, фокусиран на улогата на вештачката интелигенција и образованието.
На овој настан во рамките на иницијативата „Fostering the Future Together“ учествуваат претставници од рекордни 45 земји и водечки технолошки компании.
Слично
