Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СО СЕКИРА ИСКРШЕНА И ПОТОА ЗАПАЛЕНА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ДИРЕКТОРОТ НА ПЕЛАГОНИЈА - еве кој и зошто го сторил тоа

(ВИДЕО) СО СЕКИРА ИСКРШЕНА И ПОТОА ЗАПАЛЕНА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ДИРЕКТОРОТ НА ПЕЛАГОНИЈА - еве кој и зошто го сторил тоа

Канцеларијата на директорот на Студентскиот дом „Пелагонија“ денеска е пронајдена целосно демолирана и изгорена. Настанот се случил утрото денеска, додека сторителот, според наши извори, бил поранешен вработен во оваа институција.

Едно лице револтирано откако не му бил продолжен договорот, околу 10:30 часот влегол во канцеларијата на директорот на студентската куќа „Пелагонија“, прво ја демолирал со секира, а потоа ја запалил“, пренесува Клан Македонија.



Инаку, директорот на Студентскиот дом пелагаонија е Агим Фејзулаху, и на директорското место на студентскиот дом дојде од редовите на ДУИ. 

За оволј настан се огласди и полицијата.

„На 11.11.2022 во СВР Скопје А.Ф.(36) вработен како директор на студентски дом во населба Кисела Вода, Скопје пријавил дека на работното место, по претходна расправија, Н.Ј., кој бил поранешен вработен во домот, заедно со уште едно лице, фрлиле запалива течност, при што настанал пожар. Повредени лица до моментот на пријавувањето нема, а пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Полициски службеници се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за негово расчистување“, велат од МВР, а прене ТВ21.

Фото: Принтскрин

Слично

Поврзани вести