(ВИДЕО) Со ново промотивно видео Скопје се „пофали“ дека е подготвено за УЕФА Супер Купот
Уште осумнаесет дена го делат главниот град на Македонија од натпреварот кој го чека цел свет.
Дека Скопје е речиси подготвено да ги пречека туристите кои сакаат да го проследат „одмерувањето на силите“ на двата најголеми фудбалски клубови во светот станува јасно од новото промо видео објавено на официјалната Фејсбук страна на градоначалникот Коце Трајановски.
На 8 август националната арена „Филип Втори“ ќе грми . Ја имаме честа да бидеме домаќин на одржувањето на УЕФА Супер Купот со натпревар меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Видеото кое ги прикажува убавините на Скопје, им посакува добредојде на туристите е изработено на англиски јазик и можете да го погледете долу.
Слично
