Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Со кран го кренаа автобусот, увидот ќе продолжи

(ВИДЕО) Со кран го кренаа автобусот, увидот ќе продолжи

Автобусот кој се преврте вчера попладне кај Карпалак се крева со кран, и ќе се носи во касарната во Ѓорче Петров. 

Таму ќе продолжи увидот и ќе се собираат докази за да се утврди како се случила сообраќајката кај селото Ласкарци на патот Скопје-Тетово.

Денеска или утре јавното обвинителство се очекува да соопшти повеќе детали за несреќата.

Премиерот Зоран Заев, денеска по посетата на повредените во сообраќајната несреќа, изјави дека истрагата за настанот е во тек, а сериозни информации се очекуваат од возачот. Рече дека детали со јавноста ќе бидат споделени кога ќе се заокружи истрагата.

Во несреќата загинаа 14 луѓе. 

видео МКД.МК


Слично

Поврзани вести