(ВИДЕО) Славески го тргна микрофонот на Арсовска и кажа дека три часа ги малтретирала
Тензии имаше на денешната седница на Советот на Град Скопје. Претседателот на Советот, Трајко Славевески на денешната вонредна советничка седница се симна од своето место и го одзема микрофонот на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, која во истиот момент зборуваше за криминалите ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите се малтретирани овде поради вас, дополнителни три часа. Досега ќе ја изгласавме иницијативата. Не се расправајте со советниците. Поради вашето вакво однесување, се малтретираме овде“, ѝ рече Славески.
Таа му одговори дека не може повеќе да се однесува како деспот. Откако тој го тргна микрофонот, таа продолжи да зборува.
Слично
