(ВИДЕО) СКОПСКА ЦРНА ГОРА: Фрлени се 53 тони вода врз пожарот
Фрлени се 53 тони вода врз пожарот на Скопска Црна Гора.
Хеликоптерот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици на полицијата денеска дејствуваше врз пожарот на Скопска Црна Гора, на место викано Рамно.
Во 21 налет исфрлени се 53 тони вода, а активностите за гасење на пожарот продолжуваат.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи(ЦУК), изгаснати се 11 пожари, додека активни се пет во државата.
Слично
