Видео: Скопје развиен град или непоправлива политичка грешка?
Бројни ветувања во екот на кампањата за локалните избори за град Скопје, што досега е направено, каде се погреши, има ли решенија, што ќе преземе новиот градски татко?
Скопје – град со грандиозни зданија и калливи улици. Полни кафулиња и бездомници на мостовите. Вака скопјани го опишуваат главниот град, а ако ги прашате што им недостасува, ќе ви кажат најосновното – чист воздух.
Според Светска Банка, здравствените ефекти од аерозагадувањето не чинат 250 милиони евра. Метрополата се гуши – воздухот се чисти со непопуларни мерки кои се во надлежност на општината, велат екологистите. Затворање на центарот за сообраќај, зелени површини и шински транспорт се дел од решението.
Во продолжение погледнете ја сторијата на ТВ 24 за развојот на македонската метропола, за системските грешки, за големите проблеми и нејасните перспективи.
