Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СКОПЈАНИ ГЛАСААТ ЗНАЧИТЕЛНО ПОМАЛКУ, СЛАБА ИЗЛЕЗНОСТ И ВО КУМАНОВО: Еве каква е излезноста до 13 часот

(ВИДЕО) СКОПЈАНИ ГЛАСААТ ЗНАЧИТЕЛНО ПОМАЛКУ, СЛАБА ИЗЛЕЗНОСТ И ВО КУМАНОВО: Еве каква е излезноста до 13 часот

За градоначалник на Град Скопје до 13 часот гласале 15,28 проценти, односно 71.849 гласачи, соопшти Државната изборна комисија. Споредбено со првиот круг, излезеноста е помала - тогаш била 20,07 проценти.

Еве како се гласало низ општините: Во Аеродром излегле на гласање 19,21 процент, во Бутел 13,30 проценти, во Гази Баба, 14,24 отсто, во Ѓорче Петров 15,92 отсто, во Карпош 22,14 проценти, во Кисела Вода 19,57 проценти. Во Сарај, 3,57 отсто, а во Центар 21,58 проценти. Во Чаир гласале 5,34 проценти, а во Шуто Оризари 12,78 проценти.

Во однос на излезеноста на територија на Македонија, излезноста е 19,96 проценти - гласале 134.124 гласачи. Излезеноста во првиот круг била 20,12 проценти.

Најголема излезност има во Пробиштип, 36,66 проценти, а најмала во Шуто Оризари, каде гласале 12,78 проценти. Куманово исто така има ниска излезност - 13,34 отсто од гласачите.


Слично

Поврзани вести