Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЈО отвора нови три „Т“ истраги: „Талир“, „Траекторија“ и „Тревник“

(ВИДЕО) СЈО отвора нови три „Т“ истраги: „Талир“, „Траекторија“ и „Тревник“

Во тек е прес конференција на СЈО. 

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на почетокот побара новото парламентарно мнозинство да го укине, избрише или измени членот 22 од Законот за јавно овинителство со кое ќе овозможи ова обвинителство да ги истражи кривичните дела до крај содржани во доставените разговори од незаконски следените комуникации.


Јанева рече дека СЈО досега покажа дека е ефикасно и изградило интегритет на независна институција и дека во периодот кој следува ќе продолжи интензивно СЈО да работи на покренување нови обвиненија и отворање нови истраги како резултат на отворените предистражни постапки .

Две од денешните истраги кои ги отвори СЈО се финансиски истраги, од кои едната истрага се однесува на финансиски незаконитости во пропишана постапка за градење.

Истрагата Талир е прва истрага во која постои оснвано сомневање за перење пари која ја отвора СЈО. 

Катица Јанева во однос на овај случај рече дека предмет на истрага не претставува политичката партија туку запознавање на јавноста со начинот на кој поединци од раководството на партијата ја злоупотребиле и искористиле политичката партија за личен интерес.

СЈО отвора три нови истраги кои почнуваат на буквата Т: „Талир“, „Траекторија“ и „Тревник“.


Слично

Поврзани вести