Видео: Симпатизери на СДСМ не можеа да се воздржат пред ТВ екипата на Нова
Мал број на симпатизери на СДСМ кои присуствуваа на вчерашниот централен митинг во Скопје не можеа да се воздржат и во моментот кога репортерката на ТВ Нова се вклучи во живо во вестите за да даде извештај тие почнаа да скандираат „Победа, победа“
- Телевизија Нова е шокирана од синоќешните случувања, особено што доаѓаат од партија која наводно се декларира за „слобода“ и „демократија“. Уште еднаш апелираме до СДСМ, кога веќе нема храброст да дојде на интервјуа и дебати во ТВ Нова, да се однесува достоинствено и да овозможи непречна работа на нашите екипи, кои и покрај сите навреди и клевети, професионлано известуваат за сите нивни активности пред и за време на кампањата, се пожалија од телевизија Нова.
Слично
